Подмладената селекција на Македонија до 21 година забележа нова победа над А репрезентацијата предводена од селекторот Игор Ангеловски. Во вториот контролен натпревар одигран на стадионов на Ѓорче Петров, младите фудбалери славеа минимална победа со 1:0.
И двете репрезентации на оваа контролна средба пропуштија по неколку добри прилики за постигнување гол. Голот за победа, избраниците на селекторот Благоја Милевски го постигнаа во завршницата од мечот. Емил Абаз погоди за конечни 1:0.
Со оваа контролна пресметка се завршија активностите на овој селективен камп.