На петтата годишнина од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дримскиот басен и првата година од отпочнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект, повеќе од 120 претставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година. Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во наредните 4 години тежи 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен.
Во духот на позитивниот моментум, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Стево Темеловски, на отворањето на Конференцијата потенцираше: „Посветени сме да го кренеме нивото на управување на водените и природните ресурси во Дримскиот басен како придобивка за идните генерации. Дримскиот проект е значаен политички, научен и управувачки процес со потенцијал да донесе значајни резултати. Денешниот настан е рефлексија за зајакнатите капацитети во сите земји од дримскиот басен околу координираното управување со басенот. Ние треба да го искористиме овој момент да изградиме база за напредок. Размената на гледиштата денес ќе придонесе за подлабоко разбирање на перцепцијата на заинтересираните субјекти, нивните приоритети и очекувања од процесот“.
Претставуваќи ги инстутуциите во земјите од Басенот, интересентите, како и претставниците од меѓународните организации кои даваат поддршка на активностите во Басенот, учесниците на Конференцијата го проследија развојот на активностите во последната година и приоритетните активности во таа насока. Тие дискутираа за тековните и планираните активности за подготовка на План за управување во Дримскиот басен како и за можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја во Басенот и суб басените.
Главната цел на работењето во Дрим Корда и ГЕФ Дримскиот Проект е да се подигне управувањето надвор од суб басените во согласност со хидролошката поврзаност на Дримскиот басен. Ова ќе води од делење на водите помеѓу државите и евентуалните конфликти до делба на придобивките помеѓу заинтересираните страни кои физички, културно и историски се поврзани. Отворањето на потенцијалите за координирано управување ќе води до минимизирање на ризиците, управување со поплавите и ќе има позитивен ефект на екосистемот и на добар дел од економските сектори.
4тата дримска Конференција на интересентите беше организирана заедно со 12 состанок на Дрим Кор групата и 3 состанок на Експертските работни групи. Заинтересираните страни имаат централна улога во етаблирањето и координираната акција во Дримскиот басен. Оваа 4 Конференција следеше после настаните на регионално ниво во 2011, 2013 и 2015 година и следните конференции на заинтересираните страни ќе се одржуваат во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект еднаш годишно.