ДЗС: Во октомври 72,7 отсто од потрошената струја е од домашни извори

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 640 641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3 природен гас, 344 347 тони јаглен и 103 179 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72.7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 93.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.