Пет патнички автомобили и едно товарно возило се излетани од коловозот на магистралниот пат Охрид-Кичево на потегот од Ново село до планинскиот превој Пресека. Нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета. Причините за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење према условите и состојбите на патот.
СВР Охрид веќе го засилува полициското присуство на патниот потег Охрид-Кичево, направена е координација и со полициската станица од Кичево за интензивирање на полициски патроли на магистралниот пат на потегот од Извор до Пресека. За настанатата состојба, СВР Охрид ја извести „Македонија-пат“, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот кризен штаб како и другите надлежни инстанци.
Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на препораките на полициските службеници и на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
Екипа на СВР Охрид во која има претставник на општинскиот совет за безбедност ќе направат увид на патниот потег каде е случено излетувањето на автомобилите.