СДСМ: Градоначалникот на општина Дебрца на Новогодишен календар како соцреалистички лидер

Општинската организација на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Деновиве Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски објавувајќи фотографија од предновогодишна средба со новинари од локалните медиуми, во присуство на неговите партиски ментори ќе се пофали дека оваа година била медиумски најуспешна за општина Дебрца. За општина Дебрца не сме сигурни, но за градоначалникот немаме причина да не веруваме во оваа констатација, ако се има во предвид дека врв на неговата „промоција“ е новогодишниот календар на општина Дебрца.

На сите страници на календарот се ставени фотографии од градоначалникот, кој во стилот на „народен водач и татко на општината ги прославува новите работни успеси за доброто на граѓаните“.

dscn3149

За волја на вистината ова не е нешто ново. Трајкоски веќе четврта година по ред милува на новогодишните календари, скапо платени со народни пари да става лични фотографии, кои не заслужуваат место ниту во домашниот фото албум.

Ако Трајкоски не знае, да го потсетиме дека ваквата забеганост, невкус и демагогија се карактеристични за едно минато време.

Соцреализмот и култот на личноста како негова најбитна карактеристика. Појава, која последниве години ја среќаваме кај партискиот лидер и многу државни и локални функционери од редовите на ДПМНЕ.

За среќа, на ваквата забеганост и доаѓа крајот. На 11 декември граѓаните на Македонија се изјаснија дека наместо режим сакаат ЖИВОТ.

Во 2017 –та година, по претстојните локални избори животот ќе го вратиме и во македонските општини, вклучително и во општина Дебрца.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Дебрца.