ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испрати честитка до граѓаните по повод Рождеството Христово – Божиќ. Во неа стои:
Божиќните празници преставуваат денови на хармоничен празничен дом. Денови во кои се чествуваат христијанските вредности врз кои се темелат основните принципи за почит кон православната вера, за почит кон традициите и за почит кон своите блиски.
Токму во овие Божиќни празници кога се слави Рождеството Христово нас ни преостанува во целост да се стремиме кон подобро утре со чиста вера и надеж.
Нека во овие празнични денови Господ Бог во домовите ни даде здравје, среќа, мир и благодетски радости.
На сите Православни Христијани им го честитаме Бадник и Рождеството Христово – Божиќ со желби за добра мисла и меѓучовечко почитување!“– стои во честитката.