Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир.
Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман,Гошинце и Алешевце.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.