Пронајден мртов 66 годишен жител на Лескоец

Вчера околу 18:30 часот во с.Лескоец-охридско, во сопствената куќа, бил пронајден починат П. В. (66), кој бил државјанин на Р.Македонија и Австралија.

Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од ИМП. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено за обдукција.