Кривична пријава за охриѓанецот кој нападна полициски службеник во охридско училиште

ОКП Охрид поднесе кривична пријава против М.И. (28) во Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 28.12.2016 година во 15,30 часот на ул. „Живко Чинго” во ОЕМУЦ Св.Наум Охридски, во ходникот од училиштето на приземје, при преземање на службени дејствија-утврдување на идентитет пријавениот истиот вербално го навредил полицискиот службеник, а потоа со глава го удрил во пределот на десната страна од челото нанесувајќи му телесни повреди. Пријавениот цело време бил агресивен и под дејство на алкохол. Полицискиот службеник заради утврдување на видот на здобиените повреди бил пренесен во Медицинскиот центар – Охрид.