Кривична пријави за четири лица во рамки на ОА Гора

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на мецес декември во рамките на ОА Гора поднесе кривична пријава против лицата С.С. (49), Р.И. (26), Џ.И. (32) и Ќ.Б. (23) поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле седум кривични дела.

Првопријавениот С.С. се сомничи дека злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во својство на референт за превоз и дотур во придружница Шумско Стопанство „Бабуна“ од Велес по претходен договор со останатите тројца пријавени им овозможил легален превоз на бесправно исечени дрва во количина од речиси седум и пол метри кубни огревно дрво – бука. Имено, откако тројцата пријавени бесправно исекле огревно дрво бука, првопријавениот со својот потпис и со печат на ЈП Македонски шуми-ПШС Бабуна Велес, заверил Испратница во која внел невистинити податоци иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на дрва во ТМВ марка Застава велешки регистарски ознаки. Испратницата со невистинита содржина му ја дал на второпријавениот кој во својство на возач на ТМВ бил сопрен и контролиран за страна на полициски службеници од Единицата АЛФА и Шумската полиција. На овој начит првопријавениот им овозможил на останатите пријавени да се стекнат со противправна имотна корист воедно оштетувајќи го Буџетот на РМ во висина од 51.000 денари.