Рокерите „Галија“ оваа сабота со концертен настап во Стара Скопска Чаршија

Српскиот рок бенд „Галија“ оваа сабота (21.01) со почеток во 22:00 ќе настапи во пивницата „Стар Град“ во Старата Скопска Чаршија. Групата „Галија“ е основана во 1977 година, но нивните хитови се уште се свират речиси на сите свирки на музичари низ екс Југославија. Во нивната дискографија се запишани 21 музички албум, а како најголеми хитови се издвојуваат „Старе трубе“, „Дигну руку“, „На твоје стране кревета“, „Још увек сањам“, „На твојим уснама“ и многу други.

Картите се по популарни цени од 150 денари, а на врата 200 денари.

Од „Стар Град“ најавуваат дека ова е прв од повеќето концертни настапи планирани таму годинава, а не очекуваат уште многу познати имиња со цел да заживее Старата Скопска Чаршија.