Започнува второто полугодие за учениците

За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, од денес започнува второто полугодие од учебната 2016/2017 година.

Зимскиот распуст беше продолжен за два дополнителни дена, односно 18 и 20 јануари, со одлука на Министерството за образование и наука, а по препорака на Комисијата за заразни болести и на Министерството за здравство, како превентивна мерка за да се избегне ширењето на грипот. Двата дополнителни дена од распустот, како што претходно соопшти заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ќе бидат одработени во сабота, во март и во април.

Од  30ти јануари (понеделник), ќе почне екстерното тестирање на 18.600 матуранти, кое ќе трае до 3 февруари 2017 година.

За време на распустот училиштата беа обврзани да спроведат темелна дезинфекција, поради превенцијата од ширење на грипот.