СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 06.07.2016 година во 18.15 часот на паркинг лоциран на ул.„Караорман” во Охрид, при извршен преглед врз пријавениот и патничко возило „Тојота”, сопственост на неговиот татко, а управувано од него, биле пронајдени три зипер кесички со вкупна нето маса од 5,33 грама марихуана.