Утрово екипите на ЈП „Охридски Комуналец” од коритото на реката Сушица на пресекот на ул. „Ариф Мустафа” со бул. „Туристичка” извадија депониран отпад од несовесни граѓани (тросед, перници, ќебиња и комунален отпад).
Од претпријатието ги осудуваат ваквите потези на несовесните граѓани и информираат дека граѓаните можат да се обратат во ЈП „Охридски Комуналец” за информации за подигнување на отпадот, а не да создаваат диви депонии.