Светски ден на водните живеалишта

Светскиот ден на водните живеалишта (мочуришни предели, блата) се одбележува секоја година на 2 февруари, односно се одбележува денот на донесувањето на Конвенцијата за водни живеалишта на 2 февруари 1971 година, во иранскиот град Рамсар, на брегот на Каспиското Море.

Секоја година од 1997 година, Рамсарскиот Секретаријат обезбедува материјали за да се помогне да се подигне јавната свест за значењето и вредноста на водните живеалишта.

Темата за оваа година е: „Мочуриштата за намалување на ризиците од катастрофи“ – Здравите мочуришта ни помагаат да се справиме со екстремните временски непогоди.

Фреквенцијата на катастрофи ширум светот се зголеми повеќе од двојно во само 35 години, водено од климата и временските непогоди како што се поплавите, тропските циклони и сушите. Се проценува дека 90% од сите природни непогоди се поврзани со водата. Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) предвиде дека следуваат дури и поекстремни непогоди.

Здравите мочуришта може да ја намалат штетата предизвикана од елементарните непогоди и да направат брзо обновување. Сепак, во целиот свет, мочуриштата се во алармантна состојба; од 1900 година до ден денес исчезнаа најмалку 64% од нив.

WebOhrid