Вечерна богослужба и света архиерејска литургија за празникот Св. апостол Тимотеј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 3 февруари 2017 година (петок), во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Св.ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј). На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 4 февруари 2017 година (сабота), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон – Плаошник“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

WebOhrid