Подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев” во Рача го одбележа патрониот празник

Со свечена приредба, подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев” во населбата Рача, вечерва го одбележа својот патронен празник.

На свеченоста, што се одржа во рамките на годинешните „Прличеви беседи”, настапија учениците од училиштето, со богата културно- уметничка програма, во која презентираа бројни содржини поврзани со наставните и воннаставните активности.