Одделението за лиценцирање на ФФМ, како дел од стратегијата за асистенција на клубовите во процесот на клупско лиценцирање одржа состанок со ревизорските куќи кои клубовите апликанти за натпреварување во УЕФА и Прва МФЛ ги пријавија како нивни ревизори. Состанокот се одржа во просториите на ФФМ, а на него беше разговарано за правилата, начинот и принципите врз основа на кој треба да се доставуваат информации од финансиски карактер.
На ревизорските куќи им беше презентиран извештајот од УЕФА инспекцијата на Одделението за лиценцирање на ФФМ и забелешките во него, а посебно оние кои се однесуваат на исполнување на финансиските критериуми вклучително и ревизорските извештаи.
Потенцирани беа и најчестите пропусти односно грешки кои можат да се појават при изработка на ревизорските извештаи и дадени се објаснувања како тоа да се избегне. На претставниците на ревизорските куќи им е поделен УЕФА и ФФМ Правилникот за клупско лиценцирање – издание 2015, како и извештај на УЕФА за финансиско работење на клубовите во Европа во финансиска година – 2014.
Одделението за лиценцирање на ФФМ останува отворено за соработка со ревизоските куќи со цел подобрување на финансиските информации и извештаи кои клубовите ги доставуваат до ФФМ.