Вчера околу 12:30 часот во населбата Рача во Охрид, С.Р. (42) од с.Стрелци, кичевско, при работа паднал од бандера и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид.
Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале на земја. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител денес над телото на починатиот ќе се врши обдукција.