ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:
„Ги предупредуваме локалната власт од ВМРО ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Никола Бакарачески веднаш да престанат со притисоци кон вработените во општата болница, училиштата, градинките, јавните претпријатија, во обид да ги изнесат луѓето на протести.
Ги охрабруваме вработените во јавните институции да не подлегнуваат на паничните реакции на криминалната власт во заминување, заинтересирана само за сопствената кожа и исплашена од правдата.
За сите евентуални закани и уцени врз вработените од страна на нивните претпоставени, ќе следува одговорност.
Македонија ќе биде правна држава и законите мора да важат подеднакво за сите.“– стои во соопштението.