Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ го организираат годишниот Форум на тренери со дводневна програма на презентации од интернационални и домашни стручни лица. Форумот ќе се одржи на 20 и 21 февруари 2017 во Хотел „Александар Палас“ – Скопје со почеток во 13:45 часот на 20 февруари.
Покрај едукативниот карактер на овој настан, Форумот има и јубилејно значење бидејќи се поклопува со 15-годишнина од организација на првиот семинар за тренери за добивање на УЕФА Диплома во Македонија и го носи насловот:
„15 години тренерска едукација во ФФМ“
Центарот за едукација на тренери ги поканува сите тренери во Македонија за присуство, а воедно ги информира дека нивното присуството на овој Форум, согласно УЕФА Тренерската Конвенција е задложително за сите носители на УЕФА диплома на било кое од трите нивоа (Б, А и Про), а како обврска која тренерите мора да ја завршат за да можат да остварат продолжување на своите УЕФА лиценци.
На овој Форум поканети се и сите тренери носители на Национална Ц лиценца кои работат во детските лиги, тренерите кои работат во женските лиги на ФФМ, како и тренерите кои работат во Футсал.
На овој Форум свои презентации ќе имаат:
Небојша Марковски – Директор на Центар за Едукација на ФФМ (20.02)
Благоја Милевски – Селектор на Македонска У21 репрезентација (20.02)
Франк Лудолф – Директор за едукација на тренери во УЕФА (20.02)
Мика Пателаинен – Член на стручно тело на УЕФА за анализа на ЕУРО 2016 (21.02)
Ромео Јозак – Технички директор на ФФ на Хрватска и член на УЕФА комитетот за развој (21.02).
Тренерите треба да бидат во Хотел „Александар Палас“ најдоцна во 13:00 часот на 20.02.2017 за да го регистрираат своето присуство. Во прилог на оваа информација е и деталната програма според која се замолуваат тренерите да ги организираат своите активности во овие два дена како би можеле непречено да присуствуваат на овој Форум.