НК КР Струга поднесе кривична пријава против Б.И. (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 09.11.2016 година околу 19.30 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, од страна на полициски службеници сопрено е патничко возило „Пежо“ 106 управувано од пријавениот. Од извршен преглед на истото пронајдена е опојна дрога хероин со нето маса од 0,34 грама.