ОКП Охрид поднесе кривична пријава против О.М. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство” и ,„напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 21.01.2017 година во 09.00 часот во кафе бар на ул. „Партизанска” во Охрид, влегол пријавениот кој бил под дејство на алкохол и побарал да биде послужен со пијачка и почнал да упатува пцовки и закани кон сопствениците на објектот, кои во моментот не биле присутни во објектот. Откако не бил послужен истиот продолжил да упатува вербални закани кон сопствениците, за што од страна на вработените бил повикан К.Р. (40) од Охрид, кој работи како обезбедување на објектот. Пријавениот физички го нападнал К.Р. удирајќи го во главата, скршил една столица, а откако бил изваден надвор од објектот, со тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата.