Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид.
Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од 1 ( една ) година.
Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на БАРАЊЕ ( кое е објавено на општинската страна или може истото да се подигне во просториите на Секторот за ТЛЕР ).
Физичките лица кон БАРАЊЕТО треба да ја приложат следната документација:
– УВЕРЕНИЕ за оспособеност за управување со чамец – ПЛОВИДБЕНА ДОЗВОЛА – Осигурителна полиса (осигурување од повреда и смрт)
Подетални информации може да добиете во секторот за ТЛЕР или на телефонскиот број 046/230 175.