Кривична пријава за албански државјанин кај кого е пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, криминалистичката полиција од Струга, поднесе кривична пријава против Л.К. (27) од Тирана-Република Албанија.

Кон крајот на минатата година, при преглед во патнички автомобил „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки извршен во Струга на улицата „Ѓуро Салај“, кај пријавениот, пронајдено е мало најлонско пакување со 0,42 грама кафаеава прашкаста материја. 

По извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин. Пријавениот Л.К. хероинот го купил во Тирана по цена од 15 евра.