Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 39.3% во однос на истиот период од претходната година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 65.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 2.9%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, грозјето, алкохолните пијалаци, млекото и рибата.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.