Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 8.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 12.5%, во приградскиот превоз за 0.5%, во меѓуградскиот превоз за 5.1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.3%.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 25.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 30.0%, во приградскиот превоз за 25.4%, во меѓуградскиот превоз за 2.2%, додека во меѓународниот превоз е намален за 27.2%.
Во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 13.2%. Според видот на превоз, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13.8%, во приградскиот превоз за 27.5%, во меѓународниот превоз за 11.7%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2.2%.
Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патнички километри е намален за 5.6%. Според видот на превоз, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 43.1%, во приградскиот превоз за 0.8%, во меѓуградскиот превоз за 1.8%, додека во меѓународниот превоз e намален за 37.8%.