Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид во која се вели:
„Јасно е дека ОО СДСМ Охрид во време кога ги согледа резултатите од изборниот циклус во кој доживеа огромен неуспех, започнува со црна кампања за која ниту ВМРО ДПМНЕ ниту функционерите од ВМРО ДПМНЕ се диреткно инволвирани.
СДСМ Охрид употребувајќи претенциозни зборови како депонија во дворот на ОУ „Григор Прличев“ Охрид е всушност отпад кој најверојатно е направен од несовесни граѓани, и на место кое граничи со приватен имот, но потенцираме дека наведеното место веднаш е подложено на чистење, а потенцираме дека вакви акции за чистење на околината се направени повеќе пати до сега од страна на ВМРО ДПМНЕ, но без медиумска експонираност.
Но кога веќе укажувате за депонии, да ВЕ потсетиме за вистинските депонии кои ги направи локалната власт предводена од СДСМ во време на владеењето на Александар Петрески и да прашаме дали целосниот градежен шут од рушената Градска библиотека заврши во Студенчишкото блато или кој е нивниот став и во кое време е направена депонијата Мауцкер?
ВМРО ДПМНЕ секогаш се заложува за проекти кои се во интерес на граѓаните, и во тој контекст ВМРО ДПМНЕ преку своите програми, преку акциите на Унијата на Млади сили како и низ своите структури се залага за чиста околина.“- стои во реакцијата.