Пронајдена дрога кај лице од Кичево

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Х. (37) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

На 23.11.2016 година на ул. „11-ти Септември“ во Кичево од страна на полициски службеници извршен е преглед над Е.Н. од Кичево кај кого се пронајдени 0,13 грама хероин, кој за 400 денари го набавил од пријавениот.