„Курајчки времеплов“ втора театрална маска во Прилеп

Во Прилеп викендов се одржа шеснаесеттото издание на карневалот Прочка каде Куратица и оваа година учествуваа во две групни маски, и тоа: „Современ живот“ и „Курајчки времеплов“.

Присутни беа голем број на маски, како од Бугарија, Србија, Италија, Германија, Франција, Албанија и од повеќе места од Македонија. Куратица со маската „Курајчки времеплов“ имаше уште еден успех и ја доби втората награда за Театрална маска.

Во Македонска Куќа претставниците беа пречекани од градоначалникот на Прилеп на заеднички ручек и славење. Во вечерните часови во Хотел Липа беа доделени наградите од страна на градоначалникот Марјан Ристески проследено со вечера и заедничка музичка веселба.