Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (27) од Кичево.
Кон крајот на минатата година, пријавениот, најнапред вербално, а потоа и физички го нападнал надлежниот градежен инспектор од Локалната самоуправа во Кичево, кој спроведувал решение од надлежен орган за отстранување на настрешница на објект на улицата „Мара Угринова Гина“ во Кичево, сопственост на пријавениот.
Пред почетокот на активностите, А.А. упатил закани према инспекторот и дружите службени лица од Локалната самоуправа, како и према полициските службеници кои биле ангажирани во спроведување на асистенцијата. Во еден момент, револтираниот А.А. физички го нападнал надлежниот градежен инспектор С.Ј. попречувајќи го во спроведувањето на службените дејствија. Со цел спречување на физичкиот напад, веднаш реагирал полицискиот службеник и го оттргнал сега пријавениот на страна, кој давајќи активен отпор му одкинал дел од службената униформа.