Поради реконструкција на пумпната станица во Св.Еразмо можен прекин во водоснабудувањето

Поради изведување на градежни активности во врска со реконструкција на Пумпната станица во Св.Еразмо која е дел од водоснабдителниот систем за селата Оровник, Горенци, Требеништа и Подмолје, се информира населението и деловните субјекти кој ги користат услугите на ЈКП Дебрца, дека поради интервенцијата во прочустување на бунарот и замена на пумпата за вода, почнувајќи од утре и во наредните два дена, можно е да дојде до прекин со снабдувањето на вода за пиење во зависност од динамиката за работа и реалните услови на терен.

„Го известуваме населението дека поради Реконструкцијата на Пумпната станица Св. Еразмо и поради можниот прекин во снабдувањето со водата за пиење, за разбирање и рационално користење на водата за пиење.“– велат од Општина Дебрца.