По повод 4 март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во село Велгошти, по четврти пат, утре (3ти март) ќе се одржи спортски ден. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат ќе учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга.
Учениците ќе се натреваруваат во четири дисциплини (баскет, мал фудбал, пинг-понг, шах), а за најдобрите ќе бидат доделени награди.
Почетокот на натпреварите е закажан за 8:30 часот. Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“, во соработка со Сојузот на училишен спорт.
WebOhrid