Кривична за две лица од Лабуништа поради кражба на струшка златарница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М. (31) и М.Ш. (20) двајцата од струшкото село Лабуништа. 

Пријавените, казненото дело го извршиле на 13 јануари оваа година во златарница „Енко-Голденко“ лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга. По претходен меѓусебен договор, пријавените пред полноќ пристигнале пред златарницата каде со помош на цврст предмет, насилно ја отвориле влезната врата влегле во внатрешноста на златарницата извршиле пребарување и од излог противправно одзеле три сребрени белегзии по што го напуштиле местото на настанот.

Пријавените го признале делото, а на полициските службеници им кажале дека парите од продажба на сребрениот накит ги искористиле за купување наркотична дрога.

С.М. и М.Ш. се лица познати на службата како сторители на слични казнени дела против кои биле поднесувани соодветни пријави. Моментно, тие се на издржување мерка притвор во Битола поради сторени казнени дела на подрачјето на СВР Битола.