Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во споредба со јануари 2017 година, е намален за 0.1%. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Ноќевања за 0.7%.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0.1%.