Викендов во организација на приватното средно училиште Јахја Кемал се одржа регионалниот натпревар по математика и физика. На натпреварот ОУ „Кочо Рацин“, Охрид учествуваше со 8 ученици предводени од менторите Силвана Крстеска математика и физика и Елизабета Великоска математика. Беа постигнати следните резултати:
Во натпреварувачкиот дел физика:
1 место Стефан Андрески – освоена награда од 3000 денари
- место Викторија Димоска – освоена награда од 2500 денари
- место Петар Коцев – освоена награда од 1000 денари
Во натпреварувачкиот дел математика:
- место Викторија Димоска – освоена награда од 3000 денари
Во натпреварувачкиот дел освојување на стипендија за упис во училиштето:
- место Викторија Димоска – освоена награда 90% попуст за упис во школото
- место Петар Коцев – освоена награда 30% попуст за упис во школото
- место Стефан Андрески – освоена награда 20 % попуст за упис во школото
- место Елена Адамова – освоена награда упис во школо без приемен испит.
„На сите ученици и ментори им ги честитаме освоените награди и им посакуваме уште поголеми успеси на претстојните регионални натпревари по математика и физика.“- велат од ОУ „Кочо Рацин“.
За потсетување на општинските натпревари кои се одржаа пред една недела ученикот Петар Коцев освои прва награда физика и втора награда математика, ученичката Викторија Димоска освои втора награда физика и ученикот Стефан Андрески освои втора награда физика.