Успех на основците од „Христо Узунов“ на Регионалниот натпревар по математика и физика

На 4ти март годинава, ОУ „Христо Узунов“-Охрид со 6 ученика под менторство на наставниците Виолета Китеска-математика и Вера Зороска-физика, учествуваше на Регионалниот натпревар по математика и физика, во организација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“.

Ученикот Савески Виктор освои трето место во натпреварувачкиот дел по физика, Христина Митреска беше четврта во вкупниот пласман, односно освои 50% партиципација за школување во училиштето „Јахја Кемал“, додека пак Ивана Ванкоска и Анастасија Мојсовска се стекнаа со можност за запишување во истото без полагање на приемен испит.

„За пофалба е и тоа што истите учениците зедоа активно учество и на еден од двата натпревари што се одржаа истиот ден во ОУ „Христо Узунов“- Охрид, општинскиот натпревар по биологија и меѓународниот натпревар по англиски јазик hippo.“– информираат од училиштето.