Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 10ти март (петок) ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“. Ова е трета “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура.
Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Картите по претпродажна цена од 150 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, а истите на денот на претставата (петок) ќе чинат 200 денари. Бројот на влезници е ограничен, а претставата започнува во 20.00 часот.