Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на НР Кина во Република Македонија Јин Лисјен. На средбата заеднички беше оценето дека двете држави имаат одлична меѓусебна соработка и дека таквите односи во иднина ќе се продлабочуваат.
Амбасадорката Лисјен рече дека денеска била во посета на неколку градилишта на автопатот од Кичево до Охрид и дека оваа е нејзина прва протоколарна средба со македонски градоначалник. Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за посетата и нагласи дека изградбата на автопатот е исклучително важен проект за иднината на Охрид и изрази надеж дека , со посредство на амбасадата, ќе се привлекуваат и нови кинески инвеститори.Општина Охрид, како што беше речено, има потпишано протокол и остварува успешна соработка со кинескиот град Далиан и очекува, со поддршка на кинеската амбасада, таа да се продлабочува не само на културен план туку и во областа на туризмот и локалниот економски развој.