Кражба во продавница во Октиси

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Ш. (41) од струшкото село Октиси.

Тој, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во 23 часот и 45 минути, кога, со намера да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во продавница-железарија „Етко 2015“ во струшкото село Октиси. Пријавениот, со употреба на подесен алат извршил обивање на бравата од влезната врата на продавницата а потоа со физичка сила успеал да ја отвори вратата. Одкако влегол во продавницата, И.Ш. извршил пребарување по што пронашол и одзел 500,оо денари.

На местото на настанот, беше извршен увид а потоа и дополнителни мерки за идентификација на сторителот.