Мала, но благородна мисија за македонскиот јазик, за Македонија!

Поетско-музичкиот настан се одржа во Белишта, Република Албанија. Модератор на настанот беше поетесата Виолета Секоска а благодарение на македонскиот амбасадор г. Стојан Карајанов во Албанија, неговата сопруга г-ѓа Полка Карајанова и г-ѓа Елени Лоровска.

Виолета Сековска рече: „Македонци, наши браќа и сестри, ви благодариме за оватопло добредојде, а ние сме среќни што сме меѓу вас. Ќе читаме, ќе рецитираме на Мајчин јазик. Сте се запрашале ли зошто се вели Мајчин јазик? Па по мајката. Има ли некој две мајки. НЕМА. Мајката не ја одбираме ние..Таа е единствена. Наша мајка е Македонија една и единствена за сите нас. Македонските песни си ги носиме во срцето во душата. Не заробуваат не оковуваат, тие се наши а ние сме нивни. Македонскиот јазик тече низ нашиот крвоток, пулсира во нашите дамари, не овековечува низ просторот и времето.  Зборот е знаменосец на човекот. Каде и да одите нели некој од вас ќе се омажи ожени надвор од овие граници, но немојте никогаш да го заборавите јазикот, тој е ваш идентитет, тоа сте ВИЕ. Без него сте како дрво без корен, како огниште без оган, како човек без дом. Тогаш сте питачи и просјаци, барајќи трошки зошто сте го изгубиле својот леб.“

Учество имаше и професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски читајќи своја авторска позија и зборуваше за македонскиот јазик, а на учениците на крајот им порача:

„Чувајте си го јазикот како црнка во очите, тој е душата на еден народ!“На самиот настан покрај нашите Македонци имаше и Албанци којшто живеат во тој крај. Во оваа успешна мисија со која се направи мост со македонска поезија, збор, музика, македонски ора и заедничко дружење учество зедоа уште и проф. д-р Васил Тоциновски, писателот на литература за деца – Горјан Петревски, проф. д-р Елизабета Бандиловска, Димитар Митревски-музичар, проф. по музика Ристана Рина-Николова, поетесата Розита Христовска, поетот Горан Анчевски и екипата од ТВ Сонце, новинарката Милева Лазова и камерманот Борислав Стоилковиќ. Чест и задоволство беше да се биде покрај Македонците од овој дел на Р. Албанија којшто си го зборуваат македонскиот јазик како мајчин јазик.“