Во ОУ „Христо Узунов“ се преземаат низа градежни активности од страна на техничката служба на училиштето и ЈП „Градски Пазар“.
„Во дворот на училиштето се оградуваат тревните површини со модерни огради, се променува мрежата на Спортското игралиште, се уредуваат кошовите, на делови се реновира и подот во ходниците како и дотраената лимарија во дворот на училиштето. Сето тоа се прави за безбедноста на учениците и подобрување на амбиентот и средината во која учениците се движат.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.