СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.И. (30) во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори” и „овозможување на употреба наркотични дроги”.
На 31.07.2016 година околу 00.50 часот во Охрид, на паркинг пред еден хотел, од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот во патничко возило како рачно изработува цигара со марихуана. По извршен преглед покрај менувачот пронајден е грендер со остатоци од марихуана со вкупна нето маса од 0,78 грама, додека во вратата покрај возачот е пронајдена 1,29 грама марихуана. Пријавениот во возилото им овозможил на две лица да користат марихуана.