Куче скитник нападна жена во кичевско

Вчера околу 17:00 часот во с.Бачишта, кичевско, куче скитник ја нападнало Љ.Б.(57) од истото село при што и нанело повреда во пределот на десната рака. Истата е пренесена во Медицински центар Кичево каде и била укажана лекарска помош, и биле констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.