ОУТУ „Ванчо Питошески“ со низа активности по повод Денот на еколошката акција на младите и Светскиот ден на поезијата

По повод 21 март -Денот на еколошката акција на младите на Р.Македонија, како и Светскиот ден на поезијата, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, се организираа низа активности за учениците и вработените.

„Се расчистуваше училишниот двор, уредување на училниците и кабинетите, засадување на садници, читање на поезија на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше означен почетокот на пролетта. Активностите ќе продолжат и понатака со цел потикнување еколошка и естетска свест кај младите.“ – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.