Сребрен и бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународен натпревар за десерти

Сребрен и бронзен медал за ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународниот натпреварот за десерти во рамките на „Шумадија Сајам“ – Саем за чоколадо и топли напитоци во Крагуевац.

Како дел од тимот на Гастромак – Македонија, под менторство на Влатко Ѓоргиески, ученичката бронзениот медал го освои во категоријата чоколаден десерт индивидуално, а сребрениот медал екипно чоколаден десерт.

По Меѓународниот гастрономски натревар во Истанбул во февруари годинава каде што Кристијан Китанов заедно со Анастасија Чутрова освоија сребрен и бронзен медал ова е втор висок успех на учениците од туристичкото училиште Ванчо Питошески на меѓународни натпревари.

Настапите на натпреварите ќе продолжат и во иднина се со цел стекнување нови вештини и знаења за учениците.