СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Во периодот од 26 јануари до 09 март 2017 година, на ул. „Дејан Војвода” во куќа сопственост на С.М., пријавениот насилно влегол и одзел неколку велосипеди, повеќе апарати за домаќинство и дел од покуќнината со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.