Основците од „Св.Климент Охридски“ на средба со писателот Тоде Илиевски

По повод 2-ри април Меѓународниот ден на книгата за деца, ОУ „Св.Климент Охридски“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска во салата за приредби на училиштето се одржа средба на учениците со македонскиот писател за деца и млади Тоде Илиевски.