Продолжува акцијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за расчистување на јавните површини.
Денес се работи во Пештани. Активирани се четворица работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок, се отстранува тревата од тротоарите и се чисти плажата од трска и комунален отпад.
Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.