Во текот на изминатиот ден, МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид спроведе успешна активност со цел навремено, поквалитетно и безбедно водоснабдување, како и за избегнување на потешки дефекти во претстојната сезона.
Имено, екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид извршија измивање на резервоарите „Кале“ и „Студенчишта“ и измивање на сите водоводни линии на град Охрид и оклоните населени места чии водоводи се под надлежност на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид.
Покрај ова беа санирани и заменети голем број вентили од поголеми профили и тоа:
Санација на вентили на ул.Бул.Туристичка ф200мм и ф250мм, ул.15-ти Корпус ф 150мм, ул.Стив Наумов ф 125мм, ул.Димитар Влахов ф 250мм, нас.Рача ф 200мм, нас.Варош ф 200мм, нас.Исток ф 200мм, ул.Мак.Просветители ф 80мм и ф 200мм, ул.Крали Марко и Абас Емин ф 300мм.
Се изврши и монтирање на нови вентили на ул.Бул.Туристичка ф 200мм, Градски Пазар ф ф100мм, ул.Железинчка и ул.Абас Емин ф 200мм, Нас.Исток ф 80мм.
Прекинот на водоснабдувањето беше искористен и за спроведување на тековни активности како промени и санации на вентили и водомерни броила на индивидуални потрошувачи и правни лица, како и санација на водоводни линии во непристапни терени кои екипите навремено ги санираа.
„Воедно упатуваме благодарност до Противпожарната Единица Охрид за укажаната помош и ассистенција при измивањето на резервоарите.“- велат од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид.